Портфолио на компанијата

ТЕХА ДОО е основана во 1991 година во Тетово и е прва специјализирана компанија за производство и конфекционирање на разни видови тоалетна хартија, салвети, брисачи и подметачи за кафе во Македонија.

Нашата компанија има 65 вработени и годишен капацитет од 400 тони целулозна хартија која се преработува во тоалетна хартија, салвети , брисачи и подметачи за кафе.

Во производниот процес се придржуваме на стандардите за безбедност и здравје при работа,а исто така секој производ подлежи на тестирање за микробиолошка исправност пред пуштање во продажба. Производите се произведени од висококвалитетни материјали кои се дерматолошки испитани. Секое ниво од развојот на бизнисот е карактеризирано со воведување на нови машини и нова технолигија се со цел да се следи технолошкиот развој и да се задоволат повисоките стандарди,како и да се исполнат барањата и потребите на потрошувачите кои се клучни за нашето успешно работење. Сите инвестициски активности се финансирани од сопствени извори.

Нашата мисија е со квалитетни производи и брза испорака да ги исполниме очекувањата на клиентите, а нашата визија е да бидеме водечки и висококвалитетен производител на тоалетни производи во земјата.

Мисија и визија

Нашата мисија е со квалитетни производи и брза испорака да ги исполниме очекувањата на клиентите, а нашата визија е да бидеме водечки и висококвалитетен производител на тоалетни производи во земјата.

За прашања контактирајте не преку +389 2 2561 046, +389 70 364 662